Сончево време со мала до умерена облачност

Денеска во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ=8

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во повисоките периферни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 28 степени.

Претходна вестКоце Трајановски има објаснување за паднатиот потпорен ѕид во Пинтија, градоначалникот Ѓорѓиевски ќе барал одговорност
Следна вест172 сообраќајни прекршоци во Скопје