Сончево време со засилен ветер, од петок дожд

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од северозападен и западен правец. Вдолж Повардарието повремено повторно ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната од 29 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 33 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево и топло време, освен во петок попладне и во сабота, кога ќе има појава на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи

Претходна вестКако од план за нова „Фонтана“ никна бетонско здание на најмалку 2 спрата?
Следна вестПо повод 57 годишнината од скопскиот земјотрес ќе бидат прикажани два документарни филма