Темен режим Режим на светлина

Сонот Скопје да добие Градски воз станува јаве на 1 септември, а со БТР системот градот целосно ќе го подобри јавниот сообраќаен крвоток

Сонот Скопје да добие Градски воз станува јаве на 1 септември, а со БТР системот градот целосно ќе го подобри јавниот сообраќаен крвоток Сонот Скопје да добие Градски воз станува јаве на 1 септември, а со БТР системот градот целосно ќе го подобри јавниот сообраќаен крвоток

Скопје долго има проблем со застарениот јавен превоз. Главниот град долго сонува да биде како и другите големи светски градови со разен вид на јавен градски сообраќај. Дел од сонот ќе биде реализиран на 1 септември кога скопјани ќе добијат нов вид јавен превоз – градски воз.

Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека со почетокот на новата учебна година ќе биде пуштена во функција првата од трите линии. Оваа линија е долга 24,5 километри и ќе се движи од Зелениково, преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода и Аеродром, до централното градско подрачје, односно главната железничка станица.

Сето тоа ќе ги намали големуте гужви на патиштата во тој дел од градот, а и граѓаните добиваат побрза и поевтина алтернатива на автомобилскиот превоз. За да биде се реализирано навреме, ресорното министерство често врши обиколка на градбите, а и соопштено е дека до сега се реализирани 65 проценти од предвидените активности на оваа траса.

Според најавите, до крајот на 2027 година треба да бидат пуштени и останатите две линии – од Миладиновци преку Илинден и Маџари до Центар, како и од Волково преку Ѓорче Петров и Скопје Север до централното градско подрачје.

Сите три линии ќе се вкрстуваат на Централната железничка станица, што ќе овозможи лесно преседнување и подобра поврзаност на градот.

Ако на сето ова се надодаде дека веќе почна и планирањето и реализација на БРТ-системот за, се чини Скопје е на добар пат целосно да го измени и подобри својот јавен сообраќаен крвоток.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Коњановски: АК „Олимп“ е гордоста на Битола и пример за врвни спортски резултати

Коњановски: АК „Олимп“ е гордоста на Битола и пример за врвни спортски резултати

Следна објава
Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер - 95 се намалува, дизелот се зголемува