Сонце со малку облаци, понекаде и дожд

Утринското сонце го најави денот во кој како што велат синоптичарите ќе има и мала до умерена облачност. Попладне претежно во источните и понекаде во северните делови на Македонија ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. УВ=8

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени.

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степени.