Сонце со „заби“, максимална температура до 9 степени

На скопското подрачје денеска ќе биде претежно сончево, со појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната иако ќе боде сончево ќе достигне до 4 степени.

Слично време се очекува и на подрачјето на целата земја. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 Целзиусови степени.

Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од југоисточен и јужен правец. Температурите на воздухот ќе бидат во пораст.

Претходна вестКонцерт на тројца врвни музичари во Филхармонија во четврток
Следна вестМицкоски најави кратка блокада на објектите на Владата и на МНР