Сообраќајка кај велешко Голозинци, меѓу повредените има и деца

Сообраќајна несреќа кај велешкото село Голозинци се случи попладневно, околу 18 часот, кога две возила директно се судриле. Во несреќата повредени се седуммина, меѓу кои и две деца, објави Батали.нет

Од велешката Итна медицинска помош за Батали.нет велат дека на терен се испратени две медицински екипи, кои пружиле помош на повредените. Првата екипа пресретнала возило кое транспортирало четворица од повредените, маж, жена и две деца и тие се префрлени во возилото на брза помош, кое ги донело до велешката болница.

Едно од децата има нагмечување на градниот кош, а другото има и отворена рана на главата. Со повеќе повреди, меѓу кои и отворена рана на главата е мајката на децата, а нејзиниот сопруг има контузии на граден кош и раме.

Повредените се префрлени во велешката болница, а поради природата на повредите, двете деца се префрлени на скопските клиники. Другите тројца патници се со полесни повреди.

Претходна вестНаумовска: Учебната година да почне од 15 септември
Следна вестГаши и Села: Немаме никакви преговори за учество во новата влада