Сообраќајка со пет возила го затвори автопатот Велес-Скопје

Привремено затворен автопатот Велес – Скопје. На оваа делница изутринава се случила сообраќајна несреќа во која учествувале пет возила.

До сударот дошло кај местото Кула околу 9 часот. Се уште не се познати причините за несреќата, но најверојатна причина е лизгавиот коловоз во утринските часови. Засега нема информации за евентуално повредени лица.

На терен се излезени екипи од СВР Велес и по нивниот увид ќе се знаат повеќе детали за удесот.