Сообраќајка со три возила, загина едно лице, неколкумина се тешко повредени

Загина едно лице во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Струмица-Радовиш. Има и неколку повредени.

Во несреќата учествувале патничко возило „Опел астра“, сопственост на правно лице, а управувано од Е.С.(55) од Скопје, во кое имало 11 мигранти од Пакистан, патничко возило „Фолксваген пасат“, управувано од С.Г.(34), со сопатник С.Г.(57), и двајцата од селото Градашорци и патничко возило „Ауди“, управувано од Д.К. од Скопје, со тројца сопатници.

-Во незгодата загинал возачот на возилото „Фолксваген пасат“, а со тешки телесни повреди се здобиле три лица, и тоа возачот и еден сопатник од возилото „Опел астра“ и еден сопатник од возилото „Фолксваген пасат“, додека со телесни повреди се здобиле пет лица сопатници во возилото „Опел астра“, информираат од полицијата.

Увид на лице место извршија Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестГрабежот при основен долг од 1.000 денари нараснат на 80.000 денари продолжува
Следна вестЗаврши ли расправата околу одговорноста, само народот ли е виновен?