Сообраќајните насилници ржат по улиците, полицијата ги брка…

Сообраќајната некултура се одомаќини на скопските улици. Полицијата уверува дека се бори против тоа. Еве на пример за вчера потврдува дека во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот во Скопје биле изречени вкупно 121 мерки.

Дури 64 лица биле казнети за возење со брзина повеќе од дозволената. Останува само да претпоставиме колкумина возеле слично, но полицијата не успеала да ги види.

Казнети се и седум лица за возење без возачка дозвола, а биле констатирани и 4 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Имало и двајца „здивени“ возачи кои минале на затворен сигнал (црвено светло на семафорот).

Сето ова многу загрижува. Полицијата ги брка сообраќајните насилници, ама се чини, голем дел од нив успешно бегаат и секој ден повторно ржат и ги малтретираат чесниве возачи по скопските улици.

До кога ќе е така?

Претходна вестКолеги новинари, дајте нешто авторско на телевизија
Следна вестСлава им на хероите – одбележан Денот на победата над фашизмот во Општина Центар