Сообраќајка кај Ботун, две лица загинаа

Охридската противпожарна служба информираше дека утрово примила дојава за излетано возило во река, кај с.Ботун, општина Дебарца. Интервентната екипа со едно возило и пет пожарникари се упатила на местото на несреќата при што затекнала превртен автомобил во река.

Автомобилот со патниците бил извлечен од реката, меѓутоа кај двете лица не биле забележани знаци на живот.

Тешката сообраќајка се случила утрово во 7:30 часот. Според информациите, патничкото моторно возило изгубило контрола и излетало од коловозот.

-ТППЕ – Охрид упатува апел до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни кога управуваат моторни возила , да ја следат патната сигнализација и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот, велат од оттаму.

Претходна вестМицкоски: Жестоко ќе одговориме на сите провокации и обиди за дестабилизација
Следна вестЗапочнува реконструкцијата на салата „Расадник“, ќе биде дом на РК Вардар