Сообраќајка меѓу патничко возило и мотоцикл во Скопје, има повредени

Тешка сообраќајка се случила вчера во Скопје помеѓу патничко возило и мотоцикл.

Според информациите од МВР, во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 307“, управувано од Н.Д.(42) од Скопје и мотоцикл, управуван од Х.Б.(50) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Сопатничката од мотоциклот, А.Г.(36) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, за кои во службен разговор со полициски службеници изјавила дека ги здобила од физички напад, откако се обидела да ги раздвои возачите кои физички се пресметувале.

Исто така, Т.С., кој бил на местото, но не бил учесник во незгодата, пријавил дека бил физички нападнат од Х.Б.. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестДвајца крадци кои „оперирале“ низ скопските улици се лишени од слобода
Следна вестГолем пресврт на Калин Ивановски за четвртфинале во Кретел