Сообраќајка во скопски Аеродром, на пешачки паднат велосипед и оставена празна количка за бебе

Две лица се повредени во Сообраќајна несреќа што се случи денеска на булеварот „Јане Сандански“ во скопски Аеродром. На пешачкиот премин, беше оставен автомобил „бмв“ со скопски таблички, паднат велосипед и празна количка за бебе.

– Денеска околу 10.10 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистерски таблички, управувано од С.С. (58) од Ресен и велосипед управуван од малолетник, по што од ударот по инерција велосипедот удрил во Б.И.М. (37) количка за дете, во која имало дете, информираат од МВР.

На велосипедистот и детето им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување.

Претходна вестФрчкоски гласаше воздржано за итно примирје во Газа, народот бара објаснување од министерот Бујар Османи
Следна вестИстепани полицајци и затвореници при претрес во Идризово, најдени дрога, над 60 ножеви и телефони