Сообраќајка во Свети Николе, малолетничка тешко повредена

Малолетничка е тешко повредена во сообраќајна незгода што се случила вчера во Свети Николе, информира полицијата.

МВР соопшти дека на 05.07.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе, било пријавено дека на ул.„Септемвриска“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од П.О.(23) и мотоцикл „шинера“, управуван од малолетничка, двајцата од Свети Николе, а двете возила со светиниколски регистарски ознаки, информира МВР.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе, се наведува во соопштението.

 

Претходна вестВозило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
Следна вестМВР има осомничен за убиството во Тетово, издадена е потерница