Сообраќајка во Волково, едно лице тешко повредено

118

На 02.06.2025 во 10.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Волково, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(30) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.Г.(50) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестКако да добиете до 10.000 евра за вработување или почнување на бизнис, објаснети детали од Влада
Следна вестУченици од Гази Баба во посета на Единицата за службени кучиња на МВР