Сообраќајна несреќа кај селото Кукуречани, има повредени

Сообраќајна несреќа се случила вчера на патниот правец Битола-Кичево кај с.Кукуречани.

Според информациите од МВР, вчера во 21.20 часот било пријавено дека на патниот правец Битола-Кичево кај с.Кукуречани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(33) од с.Обедник-демирхисарско, и патничко моторно возило “голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(39) од с.Света-демирхисарско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.П., а со телесни повреди се здобил С.А. констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Претходна вестМТСП: Минималната плата од месец март ќе биде 20.175 денари, над 2000 денари повисока за една година
Следна вестСкопјани искасани од кучиња скитници