Сопружниците од Штип кои загинаа во сообраќајка се жртви на „диви тркачи“

Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик, покренало Основното јавно обвинителство Штип.

ОЈО соошти дека двајцата осомничени, во вечерните часови на 31 мај, предизвикале тешка сообраќајна несреќа со смртни последици.

-Првиот осомничен управувал автомобил „Опел астра“, а вториот осомничен – автомобил „Сеат леон“, тргнувајќи истовремено од бензинска пумпа на кружниот тек на влезот на Штип. Со брзина поголема од максимално дозволената се движеле по улицата “Брегалничка“, еден позади друг. Доближувајќи се до крстосница, наместо да ја намалат брзината, едното возило започнало да го претекнува другото и навлегло во коловозна лента за сообраќај од спротивна насока. Во тој момент, во таа лента се движел автомобил „Југо“, во кој се превезувале двајца сопружници. Возачот на автомобилот „Југо“ се обидел да го избегне автомобилот кој му доаѓал во неговата лента, но притоа директно удрил во другиот престигнуван автомобил. Како резултат на сударот и здобиените повреди, во несреќата починале двајцата сопружници, се наведува во соопштението.

На осомничените им е определен притвор од 30 дена.​​

 

Претходна вестИ денеска нови цени: Дизелот стаса до 99,5 денари
Следна вестБод против Бугарија во Разград