Сопственикот на Вардар: Фудбалерите немаат земено плата неколку месеци, а се први на табелaта, тие гинат за клубот

Фудбалерите на Вардар поминуваат низ тежок период во кој немаат земено плата неколку месеци, соопшти сопственикот на Вардар, Слободан Крстевски кој гостуваше во емисијата „Топ Тема“ на „Телма“. Тој  призна дека не е во состојба да го финансира клубот.

– Изминатите шест-седум месеци имам проблем со финансирање на фудбалскиот клуб Вардар. Се бориме да обезбедиме од некои основни средства, да речеме од ручек, па до плати. Момците кои играат, подолг период немаат земено плата, проблем за кој бараме решение веќе подолг период. Меѓутоа, за жал, досега не успеавме да најдеме заеднички јазик со ниту еден спонзор, ниту со потенцијален нов купувач, изјави Крстевски.

Според него и покрај тоа фудбалерите на Вардар „гинат“ на терен.

– Една или две плати имаат земено, а се први на табела. Буквално гинат на секој натпревар. Тие не се херои само на Вардар, туку херои на цела држава и се пример како треба да се функционира, кога еден колектив е на стаклени нозе. Тие се единствени заради кои Вардар е опстанат во моментот. Можат да кажат од утре повеќе не играме, но продолжуваат заедно и со истата, заедничка, цел враќање во првата лига и менување на целата слика за Вардар, додаде сопственикот на клубот, Крстевски.

Крстевски вели и дека во Вардар имаат проблеми и со инфраструктура, бидејќи немаат каде да тренираат.

Претходна вестИзречени 152 сообраќајни казни во Скопје, 45 лица возеле пребрзо
Следна вестПопулацијата на ЕУ до 2100 година ќе се намали за 27,3 милиони луѓе