Музиката е дел од нашето секојдневие а
токму тоа вечерва на жителите на Карпош
ќе им го овозможи Сотир Лукровски!, стои во најавата.
Карпошани, вечерва, 26.09, на платото пред
Млечен, од 19 часот, ве очекува голем
концерт со љубов за Карпош, со многу
музика, забава и добра дружба!
Ќе уживаме во вечер исполнета со
позитивна енергија, заедништво и
искрена надеж за поубави денови.
Домаќин на концертот е кандидатот за
градоначалник на општина Карпош, Сотир
Лукровски.
Кога станува збор за музиката пред
присутните ќе се претстават Бојана
Скендеровски, Александар Тарабунов,
Андријана Јаневска и Огнен
Здравковски. Тие ќе ја изведат и
новокомпонираната песна – Химна за
Карпош.
За помладите ќе настапат и „2 бона“.
Ако времето послужи може да доживееме
вечер која ќе ни остане во сеќавање.
Затоа, од 19 часот сите пред Млечен…