Совет на амбасадори: Очекуваме ЕУ да не го условува почетокот на преговорите со донесувањето на уставните промени

Францускиот предлог за одблокирање на пристапниот пат на Македонија кон ЕУ ги размрда и во македонскиот Совет на амбасадори. Од таму велат дека “во одсуство на јавна објава на интегралниот текст на Францускиот предлог, кој ја бранува македонската јавност и создава бројни негативни реакции кои го јакнат евроскептицизмот и национализмот во државата, Совет на Амбасадори смета дека треба најнапред да се добие целиот текст, внимателно да се анализира, а потоа да се заземат соодветни позиции кои ќе ги одразуваат долгорочните национални интереси на државата и нејзините граѓани“.

Совет на Амбасадори смета дека преговарачката рамка претставува мултилатерален документ, чија намена е да послужи како водилка за темелно реформирање и пристапување на државата- кандидат кон Европската Унија.

Изразуваат надеж дека земјите-членки на ЕУ ќе усвојат рамка која ќе го отсликува мултилатералниот карактер на документот, а Бугарија ќе биде на ниво на пријателска држава во чиј национален интерес е соседната држава Македонија да стане полноправна членка на ЕУ.

Советот смета дека утврдувањето на „Преговарачката рамка“ и управувањето со механизамите за нејзино спроведување треба да биде реализирано од Брисел, а не Софија. На тој начин,,како што оценуваат, ќе се намали можноста за „зачестени блокади“ на пристапниот процес, од што најмногу стравуваат граѓаните на нашата држава.

Советот се надева и очекува ЕУ да има доволно чувство за реална проценка на политичката состојба во Македонија и да не го условува почетокот на преговорите со донесувањето на уставните промени, туку таквиот процес да биде поместен за кога тоа ќе го дозволат политичките и општествените услови.

„Совет на Амбасадори уште еднаш подвлекува дека сегашниот консенсуален начин на донесување на одлуки ги блокира процесите на одлучување во Унијата, и неодамнешната констатација на Канцеларот Олаф Шолц дека „ЕУ треба да ги модернизира структурите и процесите за носење одлуки„ го смета за вистински исчекор кон нејзино реформирање“, е потенцирано во нивната реакција.

Апелираат до Владата да го сочува достоинството на граѓаните и да ги почитува и опстои на црвените линии за зачувување на идентитетот и интегритетот на Република Македонија.

Претходна вестПлатите на вработените во Градот Скопје зголемени за 2.800 денари
Следна вестЕУ ги заборави ли сопствените лекции или има нови?