Home АКТУЕЛНО Совет за безбедност: Безбедоносна состојба е стабилна, надлежните институции да продолжат да ги следат состојбите

Совет за безбедност: Безбедоносна состојба е стабилна, надлежните институции да продолжат да ги следат состојбите

0
Совет за безбедност: Безбедоносна состојба е стабилна, надлежните институции да продолжат да ги следат состојбите

Безбедносната состојба во државата е стабилна и нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување, беше оценето на денешната седница на Советот за безбедност. На седницата се разговарало за безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата присуствуваа и директорот на Агенцијата за национална безбедност и директорот на Агенцијата за разузнавање.

Надлежните претставници на институциите информираа за тековните безбедносни прашања поврзани со земјата и поширокиот регион, вклучувајќи ја руската агресија врз Украина, случувањата на Блискиот Исток и состојбата на северот во Република Косово.

-Како членка на НАТО, Република Македонија е во редовна координација со Алијансата и сојузниците по однос на активности кои се преземаат за зајакнување на безбедноста во евро-атлантскиот простор. На седницата на Советот за безбедност беше констатирана потребата надлежните институции да продолжат да ги следат состојбите и да изготвуваат можни сценарија согласно развојот на настаните, со цел навремено преземање на мерки и активности од нивна надлежност, соопштија од Кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски.