Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, се разговараше и за 5Г мрежата

Состојбата во земјата и регионот е стабилна и дека нема индиции дека би се загрозил нашиот суверенитет, изјави претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност.

– Главна точка беше политичко-безбедносната состојба во земјата и регионот. Најголемата криза и најголемиот предизвик за нас е пандемијата, бидејќи таа има влијание врз економијата и здравјето, но не очекуваме дека ќе влијае на безбедноста во земјата, изјави Пендаровски.

Тој истакна дека на состанокот разговарале и за 5Г мрежата.

-Втората точка за која дискутиравме на Советот беа безбедносните состојби за воведување на 5Г мрежата кај нас. Заклучивме дека владата и другите организации треба да ги следат препотаките од НАТО. Заклучивме дека МНР треба да подготви меморандум каков што потпишаа и други членки на Алијансата – изјави Пендаровски.

За испратеното писмо до вселенскиот патријарх Вартоломеј тој рече дека „не гледа ништо спорно во тоа“.

Претходна вестДал на измамници 6.000 евра, му ветиле дека ќе ја спасат ќерка му од затвор
Следна вестПановски: Против сум да се носат постојано маски на отворено, ќе има реперкусии на органите за дишење…