СП 2022: Холандија, Сенегал, Англија и САД изборија осминафинале

Репрезентациите на Англија и на САД се пласираа во плејофот на Светското фудбалско првенство. Ова е епилогот вечерва по одигрувањето на натпреварите од третото коло во Б-групата.

Англија во Ал Рајан го победи Велс со 3:0 со головите на Маркус Рашфорд (два) и Фил Фоден.

Во Доха, САД го совлада Иран со 1:0. Победничкиот гол е дело на Кристијан Пулишиќ во финишот на првото полувреме.

Табела Б-група: Англија 7 бода, САД 5, Иран 3, Велс 1.

Во првите два натпревари денеска репрезентацијата на Сенегал го победи Еквадор во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Светското првенство во Катар. Африканската селекција славеше со 2:1.Сенегал го отвори резултатот на крајот од првото полувреме, кога напаѓачот Исмаила Сар реализираше пенал.

Во вториот дел Еквадорците го израмнија резултатот по прецизен удар на играчот од средниот ред Мојсес Каиседо. Сепак, по неколку минути, капитенот на Сенегал, Калиду Кулибали повторно го доведе својот тим водство.

Паралелно, во групата А, Холандија го совлада Катар со 2:0.Стрелци на головите беа Гакпо во првото полувреме и Де Јонг на почетокот на второто полувреме.

Холандија со 7 и Сенегал со 6 бода ги освоија првите две места и обезбедија осминафинал

Претходна вестТројца кандидати за директор на Агенцијата за национална безбедност
Следна вестОблачно со повремени врнежи од дожд