СП2022: Фаворитите според планот на денешните натпревари

Бразил ја победи Србија со 2:0 во воведниот меч од Мундијалот во Катар. Селекцијата на Драган Стојковиќ Пикси релативно се држеше еден час, но потоа Бразилците додадоа гас. Голманот на Србија спаси водство за Бразил уште на почетокот на второто полувреме, кога Гудељ загуби топка пред шеснаесетникот, а Рафиња излезе сам пред Вања Милинковиќ-Савиќ.

Бразил поведе со 1:0 во 62.минута кога Ришарлисон ја погоди мрежата на Србија. Нејмар продре низ срцето на одбраната на Србија, го проигра Винисиус Жуниор кој шутираше кон голот. Српскиот голман одбрани, но топката се одби директно до Ришарлисон кој од пет метри ја погоди празната мрежа.

Потоа Ришарлисон изведе вистинска атракција, погоди велемајсторски уште еднаш во 73.минута и го реши натпреварот. Фред ја погоди гредата, а Вања Милинковиќ-Савиќ имаше уште неколку одбрани до крајот на мечот.

Во натпреварите што беа одиграни предходно постигнити беа следниве резултати: Португалија ја совлада Гана со 3:2, претходно Јужна Кореја и Уругвај одиграа без голови, a во првиот денешен натпревар екипата на  Швајцарија минимално ја совлада репрезентацијата на Камерун со 1-0.

Претходна вестЦентралниот одбор ја предложи Маја Морачанин за претседателка на ДОМ
Следна вестСончево со мала до умерена облачност и ветер