Спасен манастирски комплекс, пожарот во Прилеп ставен под контрола

128

Пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, а со големи напори на противпожарните единици доцна во ноќта е спасен и манастирски комплекс.

Командирот на ТППЕ Прилеп информира дека во моментот позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака.

Противпожарните територијални единици прават напори да го стават под контрола и изгаснат.

Има доволен број на луѓе на терен, а воздушна подршка во моментот не е потребна.

Од Општина Прилеп упатија апел до сите граѓани да не се потпалуваат стрништа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестOгнот од светиниколското с. Немањици продолжува да се движи во насока на Штип
Следна вестАнгелов апелира: Правете противпожарни појаси околу селата и куќите, ораници со трактори широки 20 метри