Спасен повредениот планинар кај камењарот на Пелистер

203

Спасувачки тим предводен од раководителот Петар Нолев изврши успешна евакуација на повреден планинар кој утрово се повредил на локацијата кај камењарот на планината Баба, под врвот Пелистер.

Во изјава за МИА, раководителот на спасувачкиот тим Петар Нолев, истакна дека акцијата беше брзо и професионално изведена, откако беше активиран тимот за заштита на планини на Дирекцијата за заштита и спасување.

-Акцијата за спасување, односно евакуирање на македонскиот средовечен планинар ја реализиравме со соработка со наша четирчлена екипа оспособена за спасување на лица во планина и со поддршка на професионалци од ЈУ Национален парк „Пелистер“, Центар за управување со кризи и полициски службеници од МВР. Повредениот планинар го лоциравме кај камењарот, на исклучително тежок терен. Акцијата се одвиваше повеќе од еден час и успешно заврши, а планинарот со хеликоптер беше пренесен во Битола, а потоа и во здравствена установа за укажување лекарска помош – посочи Нолев.

Утрово на Пелистер повреден македонски планинар побарал помош која Дирекцијата за заштита и спасување ја обезбеди со директен ангажма и со поддршка од полициски хеликоптер и специјалци од полициските сили Тигри.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМоторциклист загина во сообраќајка кај Куманово
Следна вестОд утре Грција воведува нова такса за туристите