Спасовски: Дојавите за бомби доаѓаат од „ИП“ адреси од Иран и Русија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека последните дојави за бомби доаѓаат од „ИП“ адреси од Иран и Русија. Полицијата според министерот исто така има и осомничена изолирана група.

– Полицијата е во трага на изолирана група во која се сомнева дека ги испраќа лажните дојави за поставен бомби изминатиот период, пред се во училиштата.
Интензивно работиме на откривањето на сторителите, имавме неколку откриени во некои случаи, а сега имаме изолирана поголема група во која очекувам да имаме конкретни и ефикасни резултати по овој сегмент. Последните неколку денови мејловите водат кон ИП адреси во Иран, Русија и ВПН адреси на кои исплатите се извршени со криптовалути, што уште повеќе ја отежнува таа дејност, рече Спасовски, во утринската емисија на „Телевизија 24“.

Тој вели дека во еден дел станува збор за алгоритам и тоа се оние напади кои стасуваат од надвор. Мотивот, според Спасовски, се геополитички причини и бизнис интереси.

Додека дојавите од Македонија главно се од малолетници, но за тоа нема сега да се споделуваат информации со јавноста. Групата се истражува за да се обезбедат доказите.

Претходна вестИтно менувам ТВ канал кога ментално ме малтретира политиканството, лагите…
Следна вестДелата на Бетовен во Македонска Филхармонија