Спасовски: Холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска се обрати на Комеморацијата по повод сеќавањето на жртвите од Геноцидот над Ромите во рамки на Втората Светска Војна – 2 август, на платото пред Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.

-Текстот продолжува по рекламата-
На свеченоста присуствуваа и министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите, Музафер Бајрам и главниот извршен директор на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикарио.

Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Спасовски во целост:

„Со овој настан денеска, одбележуваме еден од најтрагичните настани и процеси во историјата на човештвото – Холокаустот што за време на Втората светска војна бил извршен врз Ромите и Синтите, како дел од најмрачната замисла за така нареченото „конечно решение“ на нацистичката и фашистичка закана врз слободниот свет во тој период.

Ова е ден кога се сеќаваме дека меѓу 1933 и 1945 година, нацистите и нивните соработници убиле стотици илјади Роми – мажи, жени и деца – во деловите од Европа кои биле под фашистичка окупација.

Ромите во Европа биле мета на прогон од страна на нацистите, а масовните убиства го достигнале врвот во периодот од 31 јули до 2 август 1944 година кога Германците ја почнале ликвидацијата во Аушвиц – Биркенау, кога само во овој камп на смртта биле убиени речиси 3.000 Роми.

Ова е еден од најголемите порази на човештвото во историјата и затоа холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен како што го нарекуваат – „заборавениот Холокауст“.

Претходна вестСЗО: Младите сега се најголемите преносители на заразата
Следна вестЗаев: Горди на славното минато уште порешително чекориме кон светлата иднина