Спасовски: Очекувам во текот на денот да биде расчистен инцидентот во Бутел, приведени две лица

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува синоќешниот инцидент со пукање во Бутел во кој меѓу нападнатите има и полициски службеник, да биде расчистен денес. Тој соопшти дека се приведени две лица, а се трага по уште тројца.

-Станува збор за напад врз неколку лица, едно од тие лица е полициски службеник. Лишени од слобода се две лица. Има лица кои со другото возило практично го напуштиле лице местото. Очекувам дека наскоро и тие ќе бидат приведени кон лицето на правдата, рече Спасовски, на новинарско прашање на заедничката прес – конференција со неговиот босански колега Ненад Нешиќ.

Тој појасни дека според класификацијата, се работи за насилство.

– Очекувам дека во текот на денот ќе завршат сите активности во однос на расчистување на целиот овој случај и дека повредените, ќе закрепнат. Важно е да тие лица бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат одговорност, нагласи министерот.

Тој појасни дека во едно од возилата биле три лица, две од нив се приведени. Во другото возило имало уште две лица.

Запрашан до каде е постапката со случајот во „Шиша бар“ и дали можеби тој е поврзан со синоќешниот инцидент, министерот одговори дека има напредок во истрагата. Според првични проценка, смета дека нема поврзаност на овие случаи, но оти треба да се почека целосно да заврши истрага.

 

Претходна вестЛекарска комора: Речиси 80 отсто од лекарите во земјава биле жртва на некакво насилство
Следна вестМакедонија не ја заборава депортацијата на Евреите, оддадена почит кон жртвите