Спасовски: Одлука за полицискиот час за викендот ќе донесеме врз основа на наука, а не на политика

Одлуката за полицискиот час за време на викендот ќе ја донесеме врз основа на науката, а не на политиката, изјави пред малку премиерот Оливер Спасовски.

Тој одговори на новинарското прашање околу тоа дали Владата на денешната седница ќе донесе одлука за 58-часовниот полициски час каков што предлог даде Комисијата за заразни болести.

-Во 17 часот имаме седница на Влада и ќе донесеме одлука. Прилично сме унисони, речиси 100 процентно, освен претставникот на опозицијата. Унисони сме дека треба да носиме одлука врз основа на науката, а не на политиката, потенцира Спасовски.

Според предлогот на Комисијата полициски час треба да почне утре во 19 часот а да заврши во вторник во 05 часот.

Во однос на притисоците кои доаѓаат од разни страни околу полицискиот час Спасовски со став:

-Од државата нема посилен, ниту политичар, ниту доктор, ниту институција. Државата е таа која носи одлуки и управува со системот. Ако некој мисли да врши притисок треба да знае дека нема да успее. Ако подлегнувавме на досегашните притисоци требаше да носиме спротивни одлуки. Ние сме сериозни луѓе. Одлуката на Владата ќе је донесеме врз основа на анализите кои ги имаме, потенцира тој.