Спасовски: Уапсени командир, замeник командир и 6 службеници на полицијата

За злоупотреба на службена положба во синоќешната полициска акција на ГП „Табановце“ се приведени командир, заменик командир, раководител на смена, како и шест полицајци, потврди денеска на брифинг со медиумите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Вчера имавме 9 лица уапсено, ова го работеше одделот за спречување на организиран криминал, злоупотреба на службената положба и поткуп од Табановце. Командир, замeник командир и 6 службеници на полицијата. Извршени се претреси, како и лични во нивните домови се со цел да бидат пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, се работи на понатамошната постапка за овој случај и секако дека ова е еден дел од активоситте за борбата против корупцијата, истакна министерот Спасовски.

На ГП „Табановце“ синоќа беше акција на Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвнителство за гонење организиран криминал и корупција. Поради одвивањето на акцијата на граничниот преми имаше неколкучасовен застој и долга колона возила.

Претходна вестПрипадник на ИСИС планирал со камион да изврши напад во центарот на Белград
Следна вестКовачевски: Немавме ценовен шок за граѓаните, се што беше потребно за нив беше обезбедено