Подобро е пократко време да имаме рестриктивни мерки, отколку да имаме целосно оптоварување на здравствениот систем, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, коментирајќи го предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување полициски час во земјава од 22 навечер до 5 наутро, почнувајќи од утре, па во следните две недели.
– Одлуките кои мораме да ги донесеме, никој не ги посакува, меѓутоа тие се резултат на однесувањето на сите нас. Ако не ги почитуваме препораките, ако не носиме заштитна маска, ако се групираме и правиме настани коишто со сигурност значат ширење на вирусот, тогаш државата во еден момент мора да изреагира, рече Спасовски.
На забелешките од граѓаните дека тој нема да има ефект, Спасовски вели – подобро да реагираат на мерките, отколку откако ќе се зголеми бројот на заразени.