Специјалци од „Тигри“, нуркачи… го бараат исчезнатиот возач кај Желино

И по третиот ден од потрагата се уште нема сознанија за судбината на возачот кој изчезна во реката Вардат откако неговото возило „голф“ падна во реката кај Желино, тетовско. Денеска на терен околу реката пристигнале едно специјализирано лице од МВР, 6 лица од специјалната антитерористичка единица „Тигри“, екипа од ДЗС 8 лица, 4 нуркачи од Тетово, 4 нуркачи од Кочани, 6 пожарникари и 10 луѓе од ЕЛС Желино. Во потрагата се вклучени и кучиња-трагачи.

Претставниците на надлежните институции проценуваат дека треба да се бара во реката Вардар, но и надвор од тетовското подрајче, во правец кон Скопје и Велес согласно текот на речната вода.

-Ние побаравме да се намали водата од Водостопанство. Но, тоа не е наша надлежност. Тие во меѓувреме рекоа дека ќе го намалат водостојот. Имаме четири екипи во терен. Првата екипа ни е на левата, втората на десната страна на Вардар, третата кај мостот Сиричино и четврата ќе ја ангажираме денеска после 13 часот во Зелениково бидејќи претпоставувме дека таму може да го влече водата до таму поради брзината. Имаме 16 нуркачи и 16 вработени од Дирекција за заштита и спасување на терен, изјави Ариф Арифи раководител на тетовската секција на Дирекција за заштита и спасување.

Екипа од ДЗС Тетово побарала во текот на денот да ангажира и екипа од ДЗС Велес кои во текот на денот треба да извраш пребарување во малото езеро во Зелениково.

Претходна вест105 новозаразени од Ковид – 19, 491 активен случај
Следна вестАнкета:  ВМРО-ДПМНЕ со рејтинг од 19 отсто, СДСМ со 9 проценти