Список со закани за ученици се појави и во скопско училиште

Родител на ученик во основно училиште во скопски Центар, вчера во полиција пријавила оти во училиштето циркулира „список“ напишан од една ученичка со закани за своите соученици. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Денеска (09.05) во СВР Скопје од основно училиште на подрачје на Центар добиена е пријава дека ученичка, додека бил на час на кој се разговарало за случајот во соседна Србија, почнал да пишува имиња на ученици. Од страна на службите во училиштето повикан е родителот и извршен е разговор со истиот, информираат од МВР

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестВо Иран обесени двајца мажи поради сквернавење на Куранот
Следна вест„Комити“: Не ја признаваме одлуката на МВР, добредојдени се „Чкембари“ на дербито