Според досега пребројаното, меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ ќе се бира градоначалникот на Скопје за две недели

80

По 30,41 отто од пребројаните гласови за градоначалник на Скопје во водство е Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 32.767 освоени гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 9.855 гласови. На трето место е кандидатката на СДСМ, Каја Шукова со освоени 8.766 гласа.

Многу е веројатно дека ќе има втор круг во кој ќе одат Ѓорѓиевски и Мециновиќ.

ВМРО-ДПМНЕ веќе прогласи победа во неколку скопски општини, а СДСМ по поразот на минатогодишните парламентарни избори, во Скопје доживува уште еден голем пораз. Особено ако до крајот на пребројувањето на гласовите не се смени нешто и кандидато на Левица му прави друштво на Ѓорѓиевски во вториот круг.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМитко Јанчев прогласи победа во Кавадарци
Следна вестМицкоски: Имаме градоначалници во над 30 општини