Цариниците спречија обид за нелегално внесување девизи во Македонија. Девизите биле скриени под акумулатор.
– Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд заплениле девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата. Поради сомневање, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото со кое лицето патувало и притоа во предниот дел од моторот под акумулаторот во фолија и во пластична зип кеса се пронајдени скриени странски девизи, за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило. До каде оди „креативноста“ на шверцерите!? Погледнете го видеото каде што колегите од мобилната царина откриваат девизи под акумулаторот во едно возило, информираат од Царината.
Непријавените девизи се одземени, објави директорот на Царина, Стефан Богоев на неговиот фејсбук профил.
Согласно Законот за девизно работење, лицето сторило девизен прекршок и против него поднесена соодветна пријава.