По 60 години непрестајно одржување на Охридскиот маратон, на кој учествуваа пливачи од Македонија, но и од целиот свет, вчерашната информација ја вжешти и онака револтираната јавност: блокирана и е сметката на Националната пливачка федерација, па маратонот нема да се одржи.
Првиот маратон во балканскиот бисер се одржал во 1962 година. Кој и како дозволил да дојде до оваа ситуација и дали е можен излез, за сега не се објаснува. Охридскиот маратон е под директно покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски, но ниту тој не го спречил да дојде до ова – да пропадне светски познатиот маратон.
-Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон, напиша градоначалникот Пецаков.
Зошто се дозволило да дојде до тука? Можело ли да се спречи? Ако Пендаровски е главен покровител, ќе преземе ли барем сега нешто?