Србија го одложи априлскиот попис за октомври поради корона вирусот

За октомври годинава одложен е пописот на населението кој во соседна Србија требаше да започне на 1 април, соопшти денеска Заводот за статистика на Србија. Причина за одложувањето, како што се наведува во соопштението, е епидемиолошката ситуација и опасност од ширењето на Ковид – 19.

До сега е завршен голем дел од подготовките, но сепак надлежните се решиле на одложување од шест месеци.

-Имајќи ги предвид наведените активности и рокови за нивна реализација, но и незивесна епидемиолошка ситуација и опасност од ширењето на корона вирусот во текот на спроведувањето на пописните дејствија, по консултациите со епидемиолозите и опсежна анализа на различни сценартија, решено е Попис 2021 да се одложи за шест месеци. Одлуката не е донесена лесно но се базира на повеќе фактори при што е најважен: потребата да се осигура безбедност на граѓаните и на директните учесници во пописот, се наведува во соопштението на Републичкиот Завод за статистика.

Според новиот календар, пописот во Србија ќе се спроведува од 1. до 31. Октомври 2021 година. Во јуни ќе биде објавен конкурс за инструктори, во јули за попишувачи, а обуката ќе се спроведе во август-септември.

Републичкиот завод за статистика наведува дека при донесувањето на одлуката за одложување на пописот, тие ја имале предвид и препораката на Одделот за статистика на Обединетите нации и Фондот за население при ООН, кои издадоа пакет препораки, во кои како најразумно решение е одложување на пописот. Поради кризата предизвикана од ковид-19, Шкотска и Ирска официјално го одложија планираниот попис во април за април следната година, а другите европски земји разгледуваат различни сценарија за спроведување на пописот што треба да се реализира оваа пролет.

Претходна вестИ сега на Конески коса би му се кренала
Следна вестОпозицијата реагира, Министерството без објаснување како се правеле партиски избори во училишта