Сребро и бронза освоија македонски математичари на 17. Математичка олимпијада за студенти

Студентот Лука Хаџи-Јорданов освои сребрен медал, а Марија Стојковска бронза на 17. по ред математичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа со меѓународно учество (SEEMOUS 2023), информира Сојузот на математичари на својот профил на Фејсбук. Олимпијадата се одржа во периодот од 7 до 12 март во Струга, Македонија.

– Сребрениот медал го освои Лука Хаџи-Јорданов, а бронзениот медал го освои Марија Стојковска, студенти во втора година на Институтот за математика при ПМФ. Македонија успешно ја претставија и студентите Христина Митревска, Дамјан Георгиевски и Ангела Јакимовска, студенти во прва година на Институтот за математика при ПМФ. Водач на екипата беше Илија Јовчески, а заменик водач Никола Велов, пишува во објавата на Фејсбук.

Настанот го организираше Сојузот, Природно-математичкиот факултет (ПМФ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје и Математичкото друштво на Југоисточна Европа (MASSEE).

Претходна вестИсчезна 35-годишен скопјанец
Следна вестПендаровски: Кажувањето потврдени историски факти не може да ги наруши македонско-бугарските односи