Темен режим Режим на светлина

Средба Муцунски – Прескер: во фокусот процесот на интеграција во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка, а беа разменети и мислења за актуелните состојби, како во двете земји, така и во тегионот.

Во разговорите посебен фокус беше ставен врз процесот на интеграција во Европската Унија, при што министерот Муцунски упати благодарност за силната и недвосмислена поддршка од Словенија. Воедно, беше нагласено дека нашето членство во ЕУ е значајно и од аспект на зајакнување на регионалната и европската стабилност.

На средбата беше потврдено дека Република Словенија останува исклучително важен партнер, како за развивањето на капацитетите за остварување на надворешнополитичките приоритети, така и за спроведувањето на реформите преку споделување на нивните искуства за унапредување на административните и законодавните капацитети на земјата.

Воедно, беше поздравена и соработката во НАТО, како и во рамките на другите меѓународни организации.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Турски хеликоптер и два „ертрактори“ се приклучуваат кон гасењето на пожарите

Следна објава

Целосна забрана за движење во шумите