Можност за смирување на трговските тензии меѓу двете најголеми светски
економии најавија американскиот и кинескиот претседател, на состанокот
кој утрово по македонско време се одржа во јужнокорејска воздушна база.
Ова е нивна прва директна средба по 2019 година.
На почетокот на разговорите, Си му порача на Трамп дека е „нормално
двете водечки економии во светот повремено да имаат триења и
несогласувања”.
„На скалата од еден до десет, состанокот со Си беше 12-ка. Тој е
исклучителен лидер на многу моќна земја” изјави Трамп по состанокот.
Неколку дена пред оваа средба, трговските преговарачи на двете земји
постигнале „основен консензус” за решавање на клучните меѓусебни
прашања.



