Средношколците на протест в петок, ќе бараат комбинирана настава

Одлука за да се протестира во петок пред Министерството за образование и Влада за да има комбинирана настава за средношколците денска донесе Сојузот на средношколците. Тие не се сложуваат со моделот кој го предлагаат здравствените и образовните власти а со кој наставата во средните училишта треба да се  изведува онлајн.

– Одлуката е да се почне со протести в петок пред Министерството за образование од каде потоа ќе се упатиме пред Владата. Ако учебната година започне на 15 септември со онлајн наставата ние ќе бидеме оффлајн, изјави Бленди Ходаи, претседател на Сојузот на средношколците.

На неодамнешната средба меѓу претставниците на Сојузот и на Владата беше договорено делегација на средношколци да присуствува на седница на Комисијата за заразни болести на која ќе се анализира епидемиолошката состојба. Надлежните државни органи се уште не соопштиле кога ќе започне учебната година.

Претходна вестШест починати, 159 новозаболени и 75 оздравени од корона вирусот
Следна вестСамо две скопски општини со троцифрена бројка на заболени во Чаир – 114 и во Гази Баба 100