Среќа наша, власта и опозицијата не се бават со метеорологија

Да не ви досадив со пишување за вестите на македонските телевизии? Знам, често им посветувам време и простор, ама и уредниците на вестите се досадни, ништо не менуваат, тераат по старата навика дека власта е најумна, најработлива и најправедна, а вие пак упорно ги гледате. Тогаш читајте ме и мене. Чисто да имате две страни.
Еве за МТВ не сум пишал воопшто. Одамна не бев гледал нивни вести и си реков ќе се почестам со едни оптимистички сознанија за светлата ни иднина – така ги прават уредниците. Ама не испадна така… целите вести беа што кажале во СДСМ и што на тоа одговориле од ВМРО-ДПМНЕ. Или обратно, прво опозицијата нешто кажала, а власта одговорила. И упорни тоа портпаролите на двете партии, по 3-4 теми дневно отвораат. Кога тоа препукување заврши, почнаа вестите од светот каде кажаа нешто за Венецуела ама само од западни извори – тука немаше друга страна и готово… заврши ТВ дневникот.
Аууу… Среќа наша не се бават СДСМ и ДПМНЕ со метеорологија. И за тоа ќе слушавме по две различни соопштенија.