Среќа во несреќа, преживеал сообраќајка со „ферари“ при брзина од 300 км/ч

Возач (59) на „ферари“ во Германија имал при сообраќајна несреќа имал  невидена среќа. Тој преживеал судир при брзина од 300 км/ч, а притоа не повредил никого.

Страшната несреќа се случила на патот А9 меѓу Минхен и Нирнберг, кога возачот изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната ограда.

Автомобилот сопрел по стотина метри, а возачот само полесно е повреден. Неговиот скапоцен „ферари“ е потполно е уништен, a штетата изнесува околу 450.000 евра.

Претходна вестПо тригодишна употреба новите контејнери стасаа за поправки
Следна вестАвтобуските блокади не запираат, какви сценарија се прават за да се кренат?