Српската полиција уапси 22-годишен државјанин на Македонија во близина на граничниот премин Батровци со Хрватска поради поседување 313 парчиња муниција со различен калибар, јави Бета.
Македонецот е осомничен за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.
Нему му е одреден притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица.