Српската амбасадорка изјави жалење по острите реакции на МНР за навредите од „Гробарите“

По провокациите и навредите од страна на српските навивачи „Гробари“ на мечот помеѓу „Вардар“ и „Партизан“ кој беше одржан неодамна, Министерството за надворешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден стапило во контакт со колегите од српското МНР. Оттаму упатиле реакција со осуда „за провокативните навреди и пароли“ демонстрирани за време на ракометниот натпреварот во Белград од страна на навивачката група на белградскиот клуб.

– Со овие непријатни активности освен што беа погазени принципите за фер и спортско однесување, беа длабоко повредени достоинството на Македонија и нејзините граѓани. Министерството укажа дека ваквите реакции од групи поединци воопшто не се во духот на одличните билатерални односи кои ги негуваат двете земји, се наведува во соопштението на МНР.

По разговорот, од српското МНР преку преку амбасадорката на Србија во земјава, изразиле жалење за однесувањето, на како што велат, „изолирани случаи на поединци“ кои на никаков начин не ги отсликуваат позициите на официјален Белград во однос на нашата земја, ниту пак се во духот на заемните заложби за јакнење на севкупни билатерални односи меѓу двете земји.

Претходна вест60 минути дневно за помлади од 18 години, Тик Ток со голема промена
Следна вестСоветник со вештачка интелигенција работи во романската влада