Во дводневна посета во Македонија од денеска ќе престојува поглаварот на Српската православна црква патријарх Порфириј. Во негова придружба ќе бидат и други достоинственици на СПЦ. Канцеларијата на Дебарско – кичевската епархија на МПЦ-ОА денеска соопшти дека српскиот патријарх денес попладне ќе пристигне во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта
– Со почеток во 18:00 часот ќе биде отслужена и Доксологија (Славословие) во чест на пристигнувањето на српскиот Патријарх. Во вторник, на 21-ви јуни 2022 година, г.г. Порфириј, од 10:00 часот ќе го посети храмот„ Св. Богородица – Перивлепта“, Галеријата на икони како и другите цркви и културно историски споменици во Охрид и манастирот „Св. Наум Охридски“, информираат од канцеларијата на Дебарско-кичевската епархија Охрид.