Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин, кажа Проданоски

13

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави изградба на нов адреналински парк во Старо Лагово, кој ќе претставува современ простор за спорт, забава и рекреација.

„Во Старо Лагово ќе изградиме нов адреналински парк, место каде што сите љубители на спортот и брзината ќе можат да ја почувствуваат вистинската енергија,“ истакна Проданоски.

Планираниот парк ќе содржи крос-патека, картинг-патека и скејт-парк, со што, како што посочува Проданоски, Старо Лагово ќе стане нова дестинација за спортски активности и активен живот.

„Со овој проект, Старо Лагово ќе добие нова динамика и ќе стане магнет за младите, спортистите и сите кои сакаат да се движат, да се забавуваат и да живеат здраво,“ додаде тој.

Проектот е дел од визијата на Проданоски за развој на Прилеп како град со повеќе можности за рекреација, спорт и современа урбана понуда.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(Видео) Прва скопска ТВ: Уште со иста силина не греат песните на Тоше кој пред точно 18 години трагично загина
Следна вестЗаедно со граѓаните креираме проекти што го менуваат секојдневието, истакна Коњановски