Стартува 38-от „Скопски џез фестивал“

Од денеска до 20 октомври македонските граѓани ќе можат да уживаат во звуците на „Скопскиот џез фестивал“ во МОБ. Годинава во фокусот ќе биде јубилејот 50 години на реномираната германска издавачка куќа „И-Ем-Си“. Од деветте групи и соло изведувачи кои ќе настапат на годинашниот фестивал шест издаваат под капата на „И-Ем-Си“, за чиј историјат ќе може да се дознае од документарниот филм „Звуци и тишина“, што ќе се прикаже вечерва во кино Фросина.
-Скопскиот џез фестивал единствен во Југоисточна Европа доби лиценца да се приклучи на таа широка прослава, привилегија што ја имаат само уште неколку фестивали во западна Европа и САД. Од деветте изведувачи во главната програма, шест се заштитен знак на оваа издавачка куќа, рече вчера директорот на СЏФ, Оливер Белопета.
Првиот настан се одржа вчера, а на басистката Андреа Мирческа ѝ беше доделен „Златен орикс“ за најдобар млад џез музичар за 2019 година.