Стартува битката за пласман на Ф4 ракометниот турнир во Купот на Македонија

Осминафиналните натпревари од Купот во машка и женска македонска ракометна конкуренција започнуваат денеска. Со три дуели, по еден во машка и два во женска конкуренција почнува решавачката борба за пласман на завршните турнири во ракометниот Куп на Македонија.

Серијата мечеви кај мажите се отвора со натпреварот меѓу Пролет и Голден Арт. Кај дамите програмата се отвора со дуелот од втората група меѓу Деспина и Кузман Вардар.

Завршниот турнир во Купот на Македонија се игра во периодот од 13 до 15 мај.

Инаку, бранители на трофеите од ланските финалиња во Кавадарци се РК Вардар кај мажите и РК Металург кај жените.

Претходна вестЧурлинов: Имаме сила и ќе дадеме се од себе на квалификациите за ЕВРО 2024
Следна вестДрога вредна половина милион евра, откриена во скопска лабораторија за производство на амфетамин