Галичка свадба ќе се одржи следниот викенд по шеесет и први пат од 12 до 14 јули, а овогодишна невеста е Стефана Димитрова, а зетот е Даријан Кочоски, соопштија организаторите на оваа традиционална манифестација.
Од МЗ Галичник овјавија дека невестата ги исполнува сите услови за учество во Галичка свадба.
-Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024 што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, вжгодина на крштевка! За многу години да им е љубовта и среќата!, се вели во објавата на Фејсбук на МЗ Галичник.